Пријава за клупско лиценцирање за сезона 2025-2026

Објавено на 04 Декември, 2024 во Лиценцирање, Вести


Фудбалската Федерација на Македонија преку своето одделение за лиценцирање упатува покана до клубовите од Прва, Втора и Трета МФЛ, како и клубовите од Прва ЖФЛ за доставување на пријава за клупско лиценцирање за сезона 2025/2026.

Клубовите од Прва МФЛ можат да прикачат пријава за лиценцирање на Мукомет за натпреварување во организација на УЕФА, која автоматски важи и за натпреварувањата на ФФМ. Клубовите од Втора МФЛ (исток и запад) можат да прикачат  пријава на Мукомет за лиценцирање за натпреварување во Прва МФЛ или Втора МФЛ, клубовите од Трета МФЛ може да достават пријава само за лиценцирање за натпреварувања само во Втора МФЛ.

Клубовите од Прва ЖФЛ можат да прикачат пријава за лиценцирање на Мукомет за натпреварување во организација на УЕФА, која автоматски важи и за ФФМ натпреварувањата.

Пријавите за лиценцирање за УЕФА натпреварување (мажи) да се прикачат на Мукомет најдоцна до 20.12.2024 (петок) со прилог уплатена такса од 500,оо евра во денарска противвредност.

Пријавите за лиценцирање за УЕФА натпреварување (жени) да се прикачат на Мукомет најдоцна до 20.12.2024 (петок) со прилог уплатена такса од 300,оо евра во денарска противвредност

Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Прва МФЛ да се прикачат на Мукомет најдоцна до 20.12.2024 (петок) со прилог уплатена такса од 350,оо евра во денарска противвредност.

Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Втора МФЛ да се прикачат на Мукомет најдоцна до 20.12.2024 (петок ) со прилог уплатена такса од 200,оо евра во денарска противвредност

Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Прва ЖФЛ да се прикачат на Мукомет најдоцна до 20.12.2024 (петок ).

Клубовите своите пријави уредно пополнети, потпишани и заверени треба да ги прикачат во наведениот рок на МуКомет платформата. По доставувањето на пријавите, Одделението за лиценцирање на сите клубови, соодветно на пријавата, ќе им ги достави потребните информации околу понатамошниот тек на лиценцирањето.

Уплатата на соодветните такси се врши на следната сметка:

300000001599760 Комерцијална Банка

Примач: ФФМ - Скопје

Цел на дознака: за Клупско лиценцирање за сезона 2025/2026 за (соодветното натпреварување).

FFM QT 1030-61 Пријава за лиценцирање v9.doc 

FFM QT 1030-59 Временска табела за сезона 2025-2026.doc 



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација