Објавено на 15 Декември, 2022 во Лиценцирање
Фудбалската Федерација на Македонија преку своето одделение за лиценцирање упатува покана до клубовите од Прва МФЛ и Втора МФЛ за доставување на пријава за клупско лиценцирање за сезона 2023/2024.
Клубовите од Прва МФЛ можат да достават пријава за лиценцирање за натпреварување во организација на УЕФА, која автоматски важи и за ФФМ натпреварувањата. Клубовите од Втора МФЛ (исток и запад) можат да достават пријава за лиценцирање за натпреварување во Прва МФЛ или Втора МФЛ.
Пријавите за лиценцирање за УЕФА натпреварување се доставуваат најдоцна до 20.12.2022 (вторник) со прилог уплатена такса од 500,оо евра во денарска противвредност.
Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Прва МФЛ се доставуваат најдоцна до 20.12.2022 (вторник) со прилог уплатена такса од 350,оо евра во денарска противвредност.
Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Втора МФЛ се доставуваат најдоцна до 20.12.2022 (вторник).
Клубовите своите пријави уредно пополнети, потпишани и заверени треба да ги достават во наведениот рок а преку архивата на ФФМ. По доставувањето на пријавите, Одделението за лиценцирање на сите клубови, соодветно на пријавата, ќе им ги достави потребните информации околу понатамошниот тек на лиценцирањето.
Уплатата на соодветните такси се врши на следната сметка:
300000001599760 Комерцијална Банка
Примач: ФФМ – Скопје
Цел на дознака: за Клубско лиценцирање за сезона 2023/2024 за (соодветното натпреварување).
Vremenska tabela za UEFA i finansiski fer plej.pdf