Претставени промените во пропозициите и правилниците пред кандидатите за делегати

Објавено на 30 Јули, 2014 во Вести

Фудбалската федерација на Македонија денеска во хотелот „Континентал“ во Скопје организираше собир на кандидатите за делегати на натпреварите од Прва и Втора МФЛ за сезоната 2014/15.

На делегатскиот собир, претседателот на натпреварувачката комисија на ФФМ, Васко Дојчиновски детално ги објасни клучните промени во пропозициите за новата натпреварувачка сезона и правилниците за натпреварите од двете конкуренции. Укажувањето на измените за новата сезона, Фудбалската федерација на Македонија го реализира со цел делегатите да се запознаат со пропишаните измени, да го сфатат значењето на промените и да бидат единствено насочени кон квалитетна организација на натпреварите. Во стручниот дел од состанокот ќе биде извршено тестирање на кандидатите за делегати за утврдување и обновување на нивното знаење.

Во конструктивните предавања на лицата од стручните служби во федерацијата се вклучи и Претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, кој напомена дека е исклучително важно тоа што како теорија ќе го научат од семинарите, делегатите  да го спроведуваат во пракса на „зелениот терен за игра“. Работата на делегатите е исклучително важна за квалитетна организација на натпреварите, како федерација ќе бараме принципиелност во примената на пропишаните промени за новата натпреварувачка сезона и токму поради тоа заедничката соработка е неопходна доколку на вистински начин сакаме да придонесеме за подобро организирани натпревари, дополни Ѓорѓиоски.




   
   
А репрезентација