Објавено на 21 Март, 2019 во Вести, Вести
Пред натпреварот со Летонија, Горан Пандев доби подароци и признанија за големото достигнување во А-тимот од страна на ФФМ и УЕФА. Влезот во “ексклузивниот” клуб 100 му го честитаа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповски и високиот претставник на УЕФА, Тјери Фавре.
Горан Пандев е вториот македонски фудбалер кој успеал да дојде до ова достигнување, по Гоце Седлоски, некогашниот капитен кој исто така има 100 настапи зад своето име.
Официјалното деби за Македонија, Гранде Пандев го имаше во 2001 година, на гостувањето во Бурса против Турција (3:3).
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....