Претседателот на ФФМ нов член на Комисијата на Национални асоцијации на УЕФА

Објавено на 04 Ноември, 2019 во Вести


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини стана нов член на Комисијата на Национални асоцијации на УЕФА, тело кое одлучува за важни прашања поврзани со Европскиот фудбал и ги регулира односите меѓу Асоцијациите членки на УЕФА и Европската куќа на фудбалот.

Вклучувањето на Муамед Сејдини во едно од важните тела на УЕФА е потврда за значајната улога која Фудбалската федерација на Македонија ја има во меѓународните односи и зајакнување на соработката со останатите фудбалски асоцијации.

Претседател на Комисијата на Национални асоцијации е Сервет Јардимчи, претседател на Турската фудбалска Асоцијација, а во Комисијата се вклучени вкупно 15. членови, односно раководни луѓе од исто толку федерации членки на УЕФА и четворица потпретседатели. 






   
   
А репрезентација