Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини оствари средба со Михаел Ван Праг, член на Извршниот комитет на УЕФА и прв човек на холандскиот фудбал

Објавено на 30 Октомври, 2019 во Вести


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини оствари средба со првиот човек на Холандската фудбалска Асоцијација и член на Извршниот комитет на УЕФА, Михаел Ван Праг. Високиот претставник на Европскиот фудбал овие два дена е гостин во нашата држава како еден од учесниците на конференцијата за безбедност и пиротехника која заеднички ја организараат Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА.

Муамед Сејдини со претседателот на Холандската фудбалска Асоцијација и член на највисокото тело на УЕФА разговараше околу конференцијата на која учествуваат 120. учесници, меѓу нив како предавачи, интернационални експерти на темата кои го пренесуваат своето знаење и искуство на присутните гости од нашата држава и Асоцијациите од регионот, Србија, Косово, Црна Гора и БиХ, но зборуваа и околу фудбалското пријателство меѓу двете држави и просторот за идна соработка.

-Ние како Фудбалска федерација на Македонија секогаш ја отвораме својата врата за нашите спортски пријатели, а г. Ван Праг секако е наш соработник и пријател. Разговаравме околу конференцијата која заеднички ја организираме и важноста околу безбедноста и интегритетот на фудбалот. Со г. Ван Праг споделивме искуства поврзани со младите национални репрезентации, фудбалските академии и женскиот фудбал и верувам дека имаме простор за поголема соработка во иднина. Оваа средба беше прв чекор кон таа насока. Му се заблагодарувам на г. Ван Праг за неговото присуство во Скопје и се радувам на продлабочувањето на добрите односи со УЕФА, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.  





   
   
А репрезентација