Објавено на 27 Март, 2021 во Вести
Македонската
А репрезентација утре го игра вториот натпревар од новиот циклус квалификации
за Светското Првенство “Qatar 2022”. После воведниот натпревар со Романија на
гости, не очекува првиот домашен натпревар па утре од 20:45 минути ни гостува
Лихтенштајн.
„Ние апсолутно ја прифаќаме фаворитската улога. Многу пати бевме во таква ситуација и покажавме дека можеме да победиме, така ќе биде и утре. Лихтенштајн е подмладен во однос на 2018, ги анализиравме и работите зависат само од нас. Сакам утре да поведеме уште од првата шанса. Не можам да им замерам на играчите за дуелот во Романија ниште, освен завршницата и процентот на реализација“, изјави селекторот Игор Ангеловски на денешниот прес пред утрешниот натпревар, а на кој учествуваше и Енис Барди.
„Клучно е натпреварот да го сфатиме сериозно. Покажавме дека можеме да играме со многу силни селекции и за нас секој меч е важен. Ние имаме квалитет, а сега сме и Европско и поинаку не гледаат. Атмосферата секогаш е врвна, кога зборуваме очи во очи сѝ велиме дека уживаме да сме дел од репрезентацијата. Секогаш е тешко да се игра против една екипа се брани. Тешко е да се игра против 11 играчи во одбраната. Многу е важно да се даде гол рано, а потоа ќе видиме како ќе се движи ситуацијата“, изјави Енис Барди.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....