Прес на Ангеловски и Пандев пред натпреварот со Грузија

Објавено на 07 Септември, 2020 во Вести, УЕФА Лига на Нации


Репрезентацијата на Македонија од денеска се наоѓа во Тбилиси, каде утре од 18:00 часот против Груција го игра вториот натпревар од новото издание на Лига на Нации. Пред вечерашниот тренинг, селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев во официјалната прес конференција ги искажаа очекувањата за утрешниот натпревар. 

„ Двете репрезентации започнаа со победа, нема топ фаворит во групата, ние стартувавме со три бода, очекувам интересен натпревар, и подобриот нека победи. Јас мојот тим го подготвувам да одигра најдобро што може да одигра и да забележиме позитивен резултат“, изјави селекторот Ангеловски, кој додаде дека очекува токму со Грузија да се сретнеме во финалето на плејофот на Лига на Нации. 

Ја започнавме групната фаза со победа, но мислам дека утре не сме фаворити. Исто така верувам дека во групата нема изразит фаворит за првото место. Сите четири селекции се со еднакви шанси. Нè чека тежок меч, бидејќи Грузија има добра селекција . Не можам детално да зборувам за планот на утрешниот натпревар, но секогаш ја подготвувам екипата за да можеме да играме најдобро. Ќе се обидеме да покажеме добар фудбал. Би сакал тука да дојдеме повторно во ноември и да играме во финалето на плејофот за пласман на ЕП 2020. Сепак, сега сме фокусирани на утрешниот дуел“, рече Ангеловски.

„Важни беа трите бода со Ерменија како за почеток. За разлика од Скопје тука имаме добар терен за игра. Дојдовме по трите бода, сакам да ги освоиме. Кај нас атмосферата е одлична, никогаш не ни била на вакво ниво. Свесни сме дека не сме 100% подготвени но во овој дрес секогаш треба да се даде максимумот и само така може да се стигне до посакуван резултат“, изјави капитенот Горан Пандев. 

Поради повреди селекторот нема да смета на Иван Тричковски и Кире Ристевски. 

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија се игра утре од 18:00 часот во Динамо Арена во Тбилиси.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација