Објавено на 16 Мај, 2017 во Вести
Струмица и стадионот „Младост“ утре од 17:00 часот ќе бидат домаќини на финалето во националниот куп на Македонија. Пелистер и Шкендија ќе се соочат во натпреварот за трофеј. Двата тима имаат по еден пехар во клупската историја.
Клубот од Тетово го брани трофејот, а битилчани сакаат реприза од 2001 година кога ја освоија единствениот куп титула досега.
На официјалната прес - конференција спроти утрешниот финален меч очекувањата од пресметката ги дадоа тренерите на Пелистер и Шкендија, Наџи Шенсои и Ехран Селими и капитените на двата тима, Горан Пашовски (Пелистер) и Ардијан Цуцули (Шкендија).
„Ќе го парафразирам Цезар. Нека биде ова битка за народот, нека има игра, а ние ќе бидеме гладијаторите на теренот. Македонија ми е седма земја каде сум работел, а ова ми е вкупно трето финале во куп натпреварување. Во Бугарија и во Албанија ми успеа да стасам во финалето, а сега се надевам и дека ќе го кренам пехарот. Го почитуваме противникот, Шкендија е силен тим, но најважно е да биде коректно и на теренот и на трибините. Нека победи подобриот“, рече Наџи Шенсои, тренерот на Пелистер.
„Сите знаеме на кое ниво беше Пелистер минатата сезона, но со новото раководство сигнавме до финале во купот, а остваруваме добри резултати и во првенството.Овој меч битолчани го чекаат 16 години и се надевам дека јас и Гоце Тодоровски повторно ќе го подигнеме пехарот како што тоа го стори Митко Стојковски пред 16 години“, изјави Горан Пашовски, капитенот на Пелистер.
„Не очекува квалитеттен и интересен меч. Имаме почит за Пелистер, екипа која и во шампионатот ни создава проблеми. Посакувам да освоиме пехар за да ја спасиме сезоната, да не останеме без трофеј“, рече Ардијан Цуцули.