Објавено на 08 Септември, 2023 во Вести, Вести
Во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против Италија, на националната арена „Тодор Проески" на прес конференција свои очекувања споделија селекторот Благоја Милевски, капитенот Енис Барди и Елиф Елмас.
Благоја Милевски, селектор на Македонија
-Кога играте со противникот како Италија, не можеш да имаш резултатски притисок. Сепак, желбата за победа секогаш е присутна тоа нема дилеми дека постои. Двата претходни меча се минато, Украина и Англија се зад нас, не треба да се навраќаме на тоа. Италија доагја во Скопје пристигнува со нов селектор, исклучително квалитетен стратег кој што и сами знаете дека постигна огромен успех со Наполи.
Мора да бидеме дисциплинирани, тактички одговорни. Да се ставиме сите во функција на тимот, само така ќе успееме да направиме нешто. Откако сум јас селектор, тоа во огромен дел од случајите ни успеало. Тимскиот дух, тимската игра ни донела успех. Тоа се истите момци, истите играчи, тие можат да го повторат тоа. Во ниту еден момент мечот против Италија во Палермо не е земен како подготовка за овој меч. Тоа беше бараж дуел, со друг противник во играчка смисла, но и друг селектор. Ова е сосема нов меч, со нова енергија, нов момент, нов момент. Енергија и мотив не ни недоставува.
Енис Барди, капитен на Македонија
-Ова за мене е многу емотивен момент. Да бидам капитен на Македонија е големо значење. Овде има многу лидери и капитени кои иако не ја носат капитенската лента, сепак, сите тие се носители на репрезентацијата. Горан Пандев и Стефан Ристовски направиле многу за оваа репрезентација, оставиле свој печат, Мораме да го следиме нивниот пример. Вртиме еден нов лист што се вели. Посакуваме позитивен резултат, секако дека нема да биде лесно но веруваме во себе“.
Елиф Елмас
-Го познавам доста добро Спалети. Очекувам високо да излезат, да имаат игра со многу посед. Игра во која Италија ќе доминира. Ќе видиме дали тоа ќе им успее. Секако дека има разговори на темата со моите соиграчи од Наполи. Сепак, професионалци сме и нема сентименталности. Секако дека ќе излеземе на терен да одработиме она што ќе го бара од нас селекторот. Италија ќе излезе на терен за да победи, ние мораме да одиграме перфектно, доколку сакаме да оствариме позитивен резултат.