Прес конференција на Милевски и Димитриевски пред дуелот со Ерменија

Објавено на 09 Септември, 2024 во Вести


Благоја Милевски - селектор на А репрезентацијата на Македонија

-Ментално ништо не е променето, познавајќи ги моите фудбалери, тие се максимално подготвени за секој нареден предизвик.

-Нема разочарување по одиграните 1:1 со Фарски Острови. Без никакво потценување на селекциите како Летонија и Фарски Острови, сметам дека дуелите со Ерменија ќе бидат клучните за нас во борбата за првото место во групата.

- Не остваривме победа во воведното коло од новото издание на Лигата на нации, но нема предавање. Мечот со Фарски Острови е зад нас, со мислите сме комплетно насочени кон дуелот со Ерменија.

-Нашата улога секогаш е важна, без оглед на против која селекција играме. Од нас самите зависи како ќе одиграме утре и дали ќе оствариме позитивен резултат.

Столе Димитриевски - голман на А репрезентацијата на Македонија

- Како заменик капитен на Македонија, максимално сум фокусиран и мотивиран за да го одработам мечот со Ерменија.

- За нас најважно е да се победи утре, за да си ги зголемиме можностите за првото место во групата.

- Во овој момент најважен е утрешниот натпревар против селекцијата на Ерменија. Се надевам дека утре ќе се покажеме во добро светло, ќе одиграме добар натпревар и ќе забележиме победа.

- Победата е единственото нешто што го посакуваме на утрешниот меч.

- Анализиравме многу и подготвени сме за утрешниот натпревар.




   
   
А репрезентација