Објавено на 19 Август, 2014 во Вести
Најефикасниот натпревар беше одигран на Градскиот стадион во Тетово каде Шкендија го совлада Хоризонт Турново со 5:2. Шампионот Работнички ги запиша првите три бода сезонава со домашниот триумф над Тетекс, а Вардар ја оствари третата победа со триумфот обезбеден во последната минута од натпреварот против Брегалница во Штип. Силекс минимално го победи тимот на Ренова, а Пелистер втор пат е поразен сезонава на својот „Тумбе кафе“.
На следниот линк головите од петте натпревари од третото коло во Првата фудбалска лига:
Во Втората фудбалска лига беа постигнати 17 голови на пет натпревари. Седум гола беа постигнати во најефикасниот натпревар меѓу Напредок и Младост. Шкупи и Врапчиште се единствените две екипи со победи во воведните два круга од Втората лига.
На следниот линг головите од второто коло од петте натпревари во Втората фудбалска конкуренција:
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....