Познати противниците на нашите претставници во Лигата на шампионите и Лига на Европа на УЕФА

Објавено на 23 Јуни, 2014 во Вести

Денеска во седиштето на Европската фудбалска асоцијација во Нион со извлекување беа одредени противниците на македонските претставници Работнички, Металург, Шкендија и Хоризонт Турново во квалификациите на Лигата на шампионите и Европската лига на УЕ

Македонскиот првак, Работнички во второто квалификациско коло во елитната Лига на шампиони за противник го доби финскиот шампион, Хелсинки. „Романтичарите“ првиот натпревар го играат на домашен терен во Скопје на 15. или 16. јули, а ќе гостуваат на 22. или 23. јули 2014.

Ви Лигата на Европа, Металург беше носител на група и за противник го доби тимот на Санта Калома од Андора

Источноевропски противници добија екипите на Хоризонт Турново и Шкендија. Турново ќе игра со грузискиот Чикура Сашкере,  Ѕимбру од Молдавија е противникот на тетовка Шкендија. Првите пресметки се играат на 3. Јули, а реванш натпреварите се седум дена подоцна.




   
   
А репрезентација