Објавено на 16 Јули, 2020 во Вести
Фудбалска Федерација на Македонија објавува повик за пријава на женски фудбалски клубови за пополнување на ДВЕ места во Прва Женска Фудбалска Лига за сезона 2020/21.
Рокот за пријавување е најдоцна до 21.07.2020 година.
Со пријавата се доставуват следните документи:
1.Решение за упис во Централен регистар
2.Тековна состојба од Централен Регистар – не постара од 60 (шеесет) дена
3. Решение од Агенција за Млади и Спорт за вршење дејност спорт
4.Потврда од ОФС
5. Список на играчи со ID број од КОМЕТ (најмалку 25 фудбалерки)
6.Главен и алтернативен терен
Пополнетата пријава, во прилог на оваа објава, заедно со бараните документи да се достави до архивата на ФФМ, на адреса бул. АСНОМ бр. 21 - Скопје и на електронска пошта на следната адреса: kushtrim.luma@ffm.com.mk во предвидениот рок.
Во случај на пријавување на повеќе од две екипи, предност ќе имаат оние екипи кои први доставиле пријава.
Пријава женски клубови 202021.doc