Објавено на 12 Ноември, 2022 во Вести, Вести
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски дополнително прати повик за двајца офанзивни фудбалери за претстојните контролни натпревари против Финска (17. ноември) и Азербејџан (20. ноември) на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје.
Мартин Мирчевски од Бачка Топола и Дориан Бабунски од унгарски Дебрецен ќе се стават на располагање на тимот од почеток на подготовките. Поради повреда, покрај веќе потврденото отсуство на Александар Трајковски, ќе отсуствува и напаѓачот Милан Ристовски кој се повреди на последниот првенствен натпревар за Спартак Трнава.