Повеќе од 80 учесници на семинарот за доктори и физиотерапевти

Објавено на 08 Април, 2024 во Вести, Семинари


Фудбалската федерација на Македонија организираше семинар за доктори и физиотерапевти кои работат во клубовите од МФЛ и нашите националните селекции.

На дводневниот семинар одржан во хотел „Хилтон“ учествуваа вкупно 50 медицински лица, а уште 37 доктори и физиотерапевти програмата ја следеа преку on-line платформа.

Предавачи на темите поврзани со дијагноза и третман на повреди во фудбалот беа Невзат Јонузи - спец. општа хирургија, Небојша Настов - спец. трауматологија,  Михајло Ивановски - спец. трауматологија, д-р Наталија Цоклеска, д-р Антони Новотни и д-р Лабинот Бектеши.

Темите кои се обработуваа на семинарот беа поврзани со медицински скрининг пред натпревар (предавање на д-р Невзат Јонузи), здравјето во женскиот фудбал и влијанието на менструалниот циклус врз перформансот, тренингот и ризикот од повреда (д-р Наталија Цоклеска), управување со заразни болести кај фудбалерите и ендокринолошки теми во фудбалот (д-р Михајло Ивановски), менаџирање на повреди во фудбалот и рекуперација, воспоставување ритам на спиење и патувања во фудбалот (д-р Небојша Настов), психологија во спортот и ментално здрвје (д-р Антони Новотни), играње фудбал во жешко време и кондициски тренери (д-р Лабинот Бектеши). 





   
   
Актуелности

12.02.2025    Вести

Масар Омерагиќ на средба во Нион со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин

Раководството на ФФМ на официјална средба во УЕФА со Александар Чеферин и Зоран Лаковиќ...

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

Календар
А репрезентација