Објавено на 23 Декември, 2022 во Вести
Пред речиси две децении, УЕФА започна со систем за лиценцирање на клубовите за да можат да учествуваат во натпреварувањата на УЕФА, но системот се разви во нешто многу повеќе, а денес е составен дел од обврските и плановите за работа на бројни асоцијации и клубови ширум Европа.
Фудбалската федерација на Македонија и оваа година доби потврда, т.е. сертификат за услогласеност и работа на лиценцната администрација со важност до август 2023 година.
Системот за лиценцирање е создаден како збир на критериуми што клубовите мора да ги исполнат за да можат да учествуваат во натпреварите на УЕФА. Лиценцирањето на клубовите е вклучено во програмата и стратегијата на секоја федерација, како и на клубовите, и е една од клучните точки во работата и планирањето не само на развојот и напредокот на одреден клуб, туку и на неговото деловно функционирање.
Фудбалската федерација на Македонија го спроведува системот за лиценцирање клубови и има посебен систем за лиценцирање за домашните првенства.
„Лиценцирањето на клубовите во Македонија се смета за најдобра алатка за постигнување високи стандарди во фудбалот. Системот е широко прифатен со голема доверба во него и е охрабрен од клубовите, носителите на одлуки, јавноста, навивачите и другите учесници. Одделот за лиценцирање, како и досега, секогаш ќе биде на располагање за сите прашања и совети, но секако клубовите се тие кои треба да направат добар дел од работата во овој процес. Драго ми е што напредокот е видлив од година в година во однос на исполнувањето на критериумите, документацијата и комуникацијата, а повратните информации ни кажуваат дека процесот на лиценцирање навистина помага во развојот на сите фудбалски и деловни процеси, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.
Macedonia_cert_UEFA_2022_24.pdf