Објавено на 18 Јуни, 2014 во Вести, Вести
Составот на Македонија одиграл квалитетно прво полувреме, Баже Илијоски ја имал најдобрата шанса да го отвори резултатот, но не успеал да погоди во 40. минута.
По десет минути во второто полувреме, Кина преку Ју Ханчао постигна погодок за 1:0 откако претходно Најденов загуби топка во опасната зона од нашето поле. Домашната репрезентација вториот гол во мрежата на Наумовски го даде во 89. минута, по ударот на Џао Ди од работ на шеснаесетникот топката се одби од еден од фудбалерите и заврши во мрежата на Македонија за конечни 2:0. Во последните десетина минути нашиот селектор менувал шест играчи во тимот.
Македонија натпреварот во Шенјанг го започна со следните фудбалери: Наумовски Кристијан, Дамчевски Александар, Цуцули Ардиан, Најденов Бојан, Лена Нијас, Велковски Дарко, Илиоски Баже, Љамчевски Благоја, Сиљановски Горан, Тодоровски Благоја и Аврамовски Даниел.
Ова беше нова можност селекторот Бошко Ѓуровски да оцени кои играчи имаат квалитет во процесот на создавањето на селекцијата за квалификациите за Европскиот шампионат во Франција.
Вториот меѓусебен дуел помеѓу репрезентаците на Македонија и Кина ќе се одигра на 22. јуни во Јинан.