Објавено на 18 Ноември, 2020 во Вести, УЕФА Лига на Нации
Репрезентацијата на Македонија со пораз го заврши второто
издание на Лигата на Нации, откако вечерва во Никозија бевме поразени со 1:0 од
‘домашната’ Ерменија. Натпреварот наместо во Ереван се одигра во Кипар, поради
воената состојба во Ерменија. Иако и нерешениот резултат не остваша на прво
место со кое ќи си исборевме пласман во сегмент Б од Лигата на Нации, со
изменет состав поради многуте отсуства не успеавме да избегнеме пораз од
ерменците који одат скалило погоре.
А игравме многу добро во првиот дел кога и се заканивме два пати преку Трајковски, а мора да се напоменат и одличните одбрани на нашиот голман Шишковски кој што меѓу другото во првиот во два наврати спасуваше чист гол.
И во вториот дел продолживме со нападите кон противничкиот гол, и кога изгледаше дека му се доближуваме на водството, сепак гол видовме на наша мрежа. Хамбарџумјан успеа до го совлада Шишковски за водство од 1:0 за Ерменија во 55 минута. Нашата репезентација се обиде да се врати, имавме инициатива, селекторот Ангеловски се обиде со измени неколку измени да го освежи тимот, но на крајот резултатот остана 1:0 за Ерменија, а ние како втори го завршуваме учеството во второт издание на Лигата на Нации.
ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:0 (0:0)„ГСП Арена“ во Никозија (Кипар)Судија: Боби Мејден (Шкотска)Стрелец: Хамбарѕумјан 55’ (ЕРМ)
МАКЕДОНИЈА: Шишковски, Зајков, Велковски, Муслиу (70.
Китановски), Бејтулаи, Костадинов (62. Мицевски), Тотре (84. Трајчевски),
Ристовски (70. Дориев), Трајковски, Тричковски, Стојановски (62. Несторовски).
Селектор: Игор
Ангеловски