Понеделник во 12.00 часот извлекување за полуфиналните двојки од Купот на РМ

Објавено на 03 Декември, 2015 во Вести


Извлекувањето на паровите за 1/2 финалето од Купот на Македонија ќе се одржи на 7. декември 2015. година (понеделник) со почеток во 12.00 часот во салата за прес конференции во „Куќата на фудбалот“.

По возвратните натпревари од 1/4 финалето пласман меѓу најдобрите четири екипи во Купот на Македонија обезбедија Работнички, Шкендија, Брегалница и Хоризонт Турново.



   
   
А репрезентација