Објавено на 05 Април, 2022 во Куп на Македонија, Вести
Во „Куќа на фудбалот“ беа одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија.
Пелистер за противник го доби бранителот на трофејот, тимот на Силекс, додека Струга Трим Љум за место во финалето ќе игра против Македонија Ѓ.П.
Натпреварите во Битола и Струга ќе се одиграат на 20. април со почеток во 16:00 часот. Се игра еден меч. Финалето е закажано на 20. мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....