Објавено на 05 Јуни, 2014 во Вести, Детски лиги
„Во текот на своето растење и созревање на децата им се потребни вистински вредности, а фудбалот е екипен спорт и им помага на најмладите да сфатат дека дисциплината, почитта, колективниот дух и фер-плејот се важни не само во играта, туку и во животот. Мораме да ги почитуваме и негуваме вредностите на спортскиот дух и неуморно да делуваме на негово зачувување. Ги покануваме сите фудбалски љубители да ни се придружат во одбележувањето на финалните натпревари од детската лига на ФФМ“ – порача претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
На радост на младата популација специјален гостин на отварањето на турнирот беше овогодинешниот победник на Х Фактoр, миленикот на сите генерации Даниел Кајмаковски.
На истиот учестваат 56 екипи кои поделени во седум возрасни категории при што во секоја старосна категорија се натреваруваа по 8 екипи. Во петок ќе бидат познати најдобрите во генерациите на играчи родени 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004 и 2005 а наградите ќе ги доделат претседателот на ФФМ и претставници на подржувачите на овој турнир Шпаркасе банка и Рудине.Подолу се постигнатите резултати како и паровите кои ќе се сретнат во Петок
Резултати-завршен-распоред-финале.pdf
РАСПОРЕД НА АКТИВНОСТИТЕ ОКОЛУ ФИНАЛНИОТ ТУРНИР ОД ДЕТСКАТА ЛИГА 2014:
Петок 06.06.2014
До 10,00 часот – Пристигање на екипите
10,30 часот – Полуфинални натпревари, натпревари за трето место и финални натпревари
До 15,30 – Крај на натпреварите
16,00 – Прогласување на победници и доделување на награди – претставници на ФФМ и претставници на спонзори
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....