Полска домаќин на квалификацискиот турнир за жени до 17 години

Објавено на 11 Март, 2024 во Вести, До 17 год жени


Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 13 до 19 март ќе биде учесник на квалификацискиот турнир за жени, кој ќе се одржи во Полска.

Младите фудбалерки на Македонија се наоѓаат во групата 7 во рамките на А лигата (втора рунда) од квалификациите.

Противници на нашата репрезентација ќе бидат Полска (домаќин), Данска и Шкотска.

Првиот меч од квалификацискиот турнир го играме против домаќинот Полска, со почеток од 14. часот на 13. март.

Во второто коло силите ќе ги одмериме со селекцијата на Данска. Дуелот е закажан на 16. март, со почеток од 14. часот.

Три дена подоцна, во последното коло играме против Шкотска, со почеток од 14. часот.

Предводникот на младата женска репрезентација на Македонија до 17 години, Катерина Милеска, за претстојните квалификации се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Ведрана Комненова   (Скопје)

Евгенија Вељановска   (Скопје)

Миа Петровска   (Бохум, Германија)

ОДБРАНА:

Мила Панева   (Скопје)

Андреа Коловска   (Љуботен)

Михаела Додевска   (Скопје)

Михаела Марковска   (Топ Гол)

Ангела Димчова   (Цевитана)

Кристина Крстева   (Скопје)

Васка Василева   (Тиверија)

СРЕДЕН РЕД:

Никица Трендова   (Скопје)

Теона Галабовска   (Тиверија)

Ева Величковска   (Љуботен)

Јована Каралиоска   (Цевитана)

Ева Конева   (Истатов)

НАПАД:

Настасја Накова   (Скопје)

Розита Пецева   (Тиверија)

Калина Попески   (Црвена Звезда)

Меланија Грозданова   (Скопје)

Емили Митковска   (Речица)


Квалификациски турнир, Полска

РАСПОРЕД:

Полска - Македонија    14:00      13.03.2024

Данска - Македонија    14:00      16.03.2024

Македонија - Шкотска  14:00      19.03.2024






   
   
Актуелности

12.02.2025    Вести

Масар Омерагиќ на средба во Нион со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин

Раководството на ФФМ на официјална средба во УЕФА со Александар Чеферин и Зоран Лаковиќ...

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

Календар
А репрезентација