Покана за доставување понуди

Објавено на 27 Февруари, 2018 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија го продолжува  рокот за подигнување на тендерска документација и доставување на понуди  на покана за доставувавање на понуди објавена на 15.02.2018 година во печатено издание на Нова Македонија. Продолжувањето на рокот е со цел овозможување на поголем број заинтересирани субјекти да земат учество во постапката со што ќе се обезбеди поголема конкурентност.

Ги повикуваме сите субјекти кои веќе имаат подигнато документација да подигнат нова документација согласно корегираните рокови.

Покана за доставување понуди

за

снимање и видео реализација на фудбалски натпревари и други настани и за продукциски услуги за ТВ емисија „Куќа на Фудбалот“

Фудбалската Федерација на Македонија планира да спроведе тендер за избор на најповолен понудувач за снимање и видео реализација на фудбалски натпревари и други настани и за продукциски услуги за ТВ емисија „Куќа на Фудбалот“.  Се покануваат сите заинтересирани квалификувани понудувачи (правни лица) да достават понуда за снимање и видео реализација на фудбалски натпревари и други настани и за продукциски услуги за ТВ емисија „Куќа на Фудбалот“.

Времетраењето на изведба на бараните услуги е 2 (две) години.

Потребните минимални квалификации за понудувачите се:

1. Да има регистрирано претежна дејност поврзана со предметот на набавка;

2. Правното лице да располага со најмалку 3 (три) лица во редовен работен однос;

3. Правното лице да има најмалку 2 (две) години постоење/работење на пазарот во РМ.

Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации и да ја подигнат тендерската документација која содржи инструкции за подготовка и доставување на понудата најдоцна до 06.03.2018 година секој работен ден од 09.00 до 16.00 по локално време на следната адреса:

Бул.АСНОМ бр.21

Општина Аеродром

Скопје

Понудите мора да бидат доставени на горенаведената адреса најдоцна до 13.03.2018 год., до 16.00  часот по локално време.




   
   
А репрезентација