Поготвено за спектакл, Реал и Манчестер најавуваат победа

Објавено на 07 Август, 2017 во Вести, UEFA Super Cup


Македонија и Скопје утре ќе бидат центарот на фудбалсикот свет, откако Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе се судрат во финалето на Супер Купот на Европа. Двата европски гиганти денеска пристигнаа во Скопје а со нив и голем број нивни симпатизери од Шпанија, Англија и ширум Европа. Откако беа сместени во избраните хотели, Реал и Манчестер вечерва ги одржаа официјалните тренинзи во Арената “Филип Втори”, а предходно од двата табора се изјаснија пред бројните европски медиуми. 

Имаме голема желба да ја почнеме сезоната и едвај чекаме да почнат официјалните натпревари. Тренираме одлично и оптимист сум за новата сезона. Утрешниот натпревар гo подготвуваме како секогаш, ги знаеме сите детали за противникот и едвај чекаме да почне. Роналдо е мирен, ме импресионира што физички е како пред финалето. Тоа што мене ме интересира е теренот, а тоа што е денес со нас има големо значење. Кристијано е тука за да игра, но утре ќе одлучам. Жешкото време мислам дека нема да биде ни предност, ни хендикеп. Двете екипи трениравме во САД и температурите и таму се слични како овде“, изјави меѓу другото тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. 


„Откако се вративме од САД, наредив да тренираме секој ден во Манчестер во 4 часот попладне, но немавме среќа, секој ден врнеше. Но, времето е исто за двете екипи, вакви натпревари  не се играат секој ден“, низ смеа изјави шефот на Манчестер Јунајтед, Хозе Мурињо. 

Има многу работи коишто можам да ги кажам и совети коишто можам да ги дадам. За жал, не играм долго за овој извонреден тим и сè уште не сум споделил со нив она што најдобро го знам. Не секогаш ги правам најисправните работи на теренот и со текот на времето учите многу. Се обидувам да научам многу. Што се однесува до противникот, тоа е тим што сакаме да го победиме. Тие се европски прваци, се работи за одличен тим. Едвај чекаме да стигнеме онаму каде што Реал Мадрид беше минатата сезона. Знаеме каде сме, работиме на себе, го јакнеме нашиот тим со одлични односи и млади луѓе кои се амбициозни. Направивме многу за да дојдеме тука и секој трофеј повеќе секоја сезона ќе биде феноменално за нас“, смета еден од двата Шпанци во таборот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата.

Натпреварот Реал Мадрид-Манчестер Јунајтед се игра во вторник на националната Арена “Филип Втори”, со почеток од 20:45.



   
   
А репрезентација