Подготовки на женските репрезентации

Објавено на 02 Март, 2015 во А репрезентација жени, До 19 год жени, До 17 год жени


Женската А репрезентација на Македонија и младите женски селекции до 19 и 17 години на подготовки во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе одиграат два контролни натпревари. Во среда на 4. март во 11.00 часот, А репрезентацијата ќе одигра натпревар против селекцијата до 19 години, а во четврток репрезентацијата предводена од Ванчо Балевски во 11.00 часот ќе има тренинг натпревар против селекцијата до 17 години. Мини подготовките имаа цел да му овозможат на селекторот на А репрезентацијата Ванчо Балевски подобро да се запознае со квалитетот на играчите, а воедно да процени дали младите фудбалерки до 19 и 17 години имаат потенцијал да се вклучат во А репрезентацијата пред започнувањето на официјалните натпревари од квалификациите за Европското првенство 2017 во Холандија. Македонската репрезентација противниците по групи ќе ги дознае на извлекување во Нион на 20. април 2015.

Во продолжение списокот на повикани играчи за контролните натпревари.

А Репрезентација – селектор Балевски Ванчо

Милеска Катерина, Атанасова Станкица, Салихи Афродита, Андреевска Ленче, Чакмакоска Елена, Костова Драгана, Кривањева Накшије, Боглева Мартина, Тодоровска Моника, Веселинова Ана, Димкоска Мартина, Мицковска Ана, Нацева Марјана, Ангеловска Маја, Јаковска Ели, Костова Фроска, Тасева Симона, Скерлевска Стефани, Симона Крстановска, Армковска Александра, Талиџмиоска Елена, Стојаноска Јасмина, Николовска Симона

Репрезентација до 19 години – селектор Астрит Мерко

Матеа Манојловска, Александра Симоноска, Трајковска Николина, Весна Танеска, Наташа Левкова, Сара Хусеин, Шкипе Бојку, Елена Наковска, Николовска Павлина, Александра Поповска, Китаноска Билјана, Теодора Киранова, Петровска Елена, Даниела Велеска, Панчурова Викторија

Репрезентација до 17 години – селектор Кирил Изов

Лековска Магдалена, Белистојаноска Марија, Шемшовиќ Елма, Ѓорѓиевска Теодора, Гегова Драгана, Киранова Вики, Талевска Мила, Бумбаровска Теодора, Благонова Ана, Гоцевска Анита, Котева Моника, Суарта Речи, Максути Улза, Чубриновска Јана, Митревска Анастасија, Спасовска Јована, Николовска Анастасија, Биневска Ивана, Кирова Христина, Костеска Надица, Живиќ Јулија, Димоска Теодора




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација