Објавено на 15 Ноември, 2020 во Вести, Вести
Најдобрата македонска репрезентација со победа против Естонија од 2-1 ги продолжи натпреварите во новата сезона во Лигата на нациите и остана на првото место во групата Ц.
Нашата селекција беше поквалитетна на денешниот натпревар. Првиот обид Македонија го имаше во 25. минута, Тричковски ја смести топката во голот на Естонија, но погодокот беше поништен поради офсајд. Сепак неколку минути подоцна, Спировски асистираше до капитенот Тричковски, а тој успеа да го совлада Хајн.
Само три минути по водството, Тричковски со глава биеше од непосредна близина, по центаршутот на Елмас, но Хајн му го одбрани обидот со глава.
На стартот на вториот дел Естонија израмни на 1:1 со еврогол на Сапинен.
Николов и Ристовски имаа одлични шанси за 2:1, но не ги искористија, а отпорот на естонците беше скршен во 68. минута кога по центаршут на Елмас, Влатко Стојановски постигна погодок за 2:1.
Македонија има девет бода и се наоѓа пред Грузија која има шест и пред Ерменија со пет бода. Последното коло ќе се игра на 18 ноември кога нашиот национален тим на неутрален терен во Никозија, Кипар ќе игра со Ерменците.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....