Објавено на 29 Мај, 2016 во Вести, Вести
Македонија оствари победа со резултат 3:1 над
Азербејџан на пријателскиот натпревар одигран во Виена во Австрија. Македонија со
подмладен состав одигра одличен натпревар и најави подобрување на игрите и
резултатите. Сенка на победата фрла повредата на Енис Барди кој заработи скршеница на носот.
Во 28. минута после еден судир со противнички играч со скршеница на носот остана Енис Барди, кој мораше да ја напушти играта, а на негово место влезе
Николов. Резултатот беше удвоен во 32. минута кога капитенот Горан Пандев
масјторски биеше со лева, погодувајќи речиси на истото место како Радески. Во
вториот дел нашата репрезентација играше нешто поповлечено, а противникот неколку
пати се закани, претежно преку удари од далечина. Бабунски имаше два добри
обида кои не донесоа промена, а на другата страна една невнимание на голманот
Димитревски донесе индиректен удар за Азербејџан, потоа Николов играше со
рака а судијата покажа на белата точка. Афран Исмаилов биеше прецизно од 11
метри и намали на 1:2 во
74. минута. Во првата минута од судиското продолжение добра акција на
Бабунски кој ја продолжи играта на десната страна од каде Ѓорѓев асистираше
пред голот, а Несторовски погоди за конечни 1:3. Несторовски исто така го постигна својот деби гол за
Македонија.
Стадион: Спортлерваг, Бад Ерач, Виена-Австрија
Стрелци: Афран Исмаилов 74’ (Азербејџан), Марјан Радески 19’, Горан Пандев 32’ и Илија Несторовски 90’ + 1’ (Македонија)
Жолти картони: Гарајев (Азербејџан), а Николов и Шиков (Македонија)
МАКЕДОНИЈА: Димитреивски, Жута, Ристевски, Шиков, Ристовски, Најденов (Демири 83’), Барди (Николов 30’), Тричковски (Ѓорѓев 60’), Трајкоски (Бабунски 60’), Радески (Пешевски 46’), Пандев (Нестровски 74’).
Резерви: Алексовски, Велковски, Бејтулаи, Николов, Бабунски, Пешевски, Ѓорѓев, Демири, Нестровски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....