Објавено на 05 Септември, 2020 во Вести, Вести, УЕФА Лига на Нации
Македонската футбалска репрезентација со победа го започна второто издание на Лига на Нации, откако денеска во Скопје со резултат 2-1 беше поразена Ерменија. Алиоски и Несторовски со головите постигнати од белата точка ја донесоа победата, а гостите во судиското продолжение исто така од пенал преку Барсегјан го постигаа голот за конечен резултат.
Во не толку квалитетен натпревар одигран во тешки услови поради високите температури (натпреварот почна од 15:00 часот), Македонија беше посреќна добивајќи пенал уште во раната фаза од мечот, па Езѓан Алиоски со максимално презицен удар од белата точка донесе водство после само 5 минути.
Преку иста формула дојде и вториот гол, кога повторно над Елмаз беше направен
пенал, а сега Несторовски биеше прецизно за 2:0 во 38 осмата минута. Вториот
дел донесе отворена игра, двете репрезентации имаа по неколку можности за гол,
а откако не успеавме да го постигнеме тој трет гол, гостите во судиското продолжение
добија пенал, кој успешно го реализираше Барсегјан за конечни 2:1.
Слeдниот натпревар нашата најдобра репрезентација го игра во вторник на гостински терен со Грузија.
МАКЕДОНИЈА
– ЕРМЕНИЈА 2-1 (2-0)
Национална арена „Тодор Проески“, Скопје.
Главен
судија: Ирфан Пељто (БиХ)
Стрелци: Алиоски
5′(п), Несторовски 37′(п) (Македонија); Барсегјан 90’+4 (Ерменија)
МАКЕДОНИЈА: Шишковски, Ристовски, Муслиу, Велковски, К. Ристевски
(71′ Спировски), Адеми, Николов (75′ Трајковски), Барди, Алиоски, Елмас,
Несторовски (62′ Пандев)
Селектор: Игор Ангеловски
ЕРМЕНИЈА: Јурченко, Калисир, Хамбарџумја, Харојан, Григорјан,
Вбејмар, Бајрамјан (46′ Барсегјан), Корјан, Ховханисјан, Карапетјан, С.
Григорјан (46′ Бабајан)
Селектор: Жоакин Капарос
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....