Пионерите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Објавено на 10 Мај, 2016 во Вести


Пионерската екипа на Вардар го победи Милано со 3:1 во финалето од Купот на Македонија во пионерска конкуренција. Младите фудбалери од генерацијата 2000-та сосема заслужено го освоија трофејот по прикажаното на тренинг центарот „Петар Милошевски“ против кумановскиот состав.

Вардар го отвори резултатот во 35. минута откако Марко Ѓорѓиевски искористи невнимание на одбраната на Милано и со убав удар неодбранливо шутираше во мрежата на голманот Мифтари. Претходно, Вардар не искористи две убави шанси за отворање на резултатот преку Дарлишта и повторно Ѓорѓиевски.

Екипата на Милано се врати резултатски во игра откако Фитор Реџепи постигна прекрасен погодок пред крајот на полувремето на додавање од Висар Аљији. По 40. минути резултатот беше нерешен, 1:1.

Во вториот дел, пионерите на Милано први се заканија по голот на Вардар. Еден од најдобрите фудбалери на Милано, Висар Аљији погоди пречка во 50. минута и само среќата го спаси Вардар од негатива.

Вардаровите пионери сепак повторно ја вратија резултатската предност во 53. минута. Али Адем прекрасно асистираше до Саит Битиќи кој од втор обид успеа да реализира за водство од 2:1. Милано својата најдобра шанса за израмнување и нова неизвесност не ја искористи преку Бетим Бајрами, а пред крајот на натпреварот Марко Ѓорѓевски со својот втор погодок на натпреварот ја запечати победата и трофејот за Вардар.

ФИНАЛЕ - КУП НА МАКЕДОНИЈА (пионери)

ВАРДАР – МИЛАНО 3:1 (1:1)

(1:0 Марко Ѓорѓиевски 35, 1:1 Фитор Реџепи 40, 2:1 Саит Битиќи 53, 3:1 Марко Ѓорѓиевски 70)

Тренинг центар „Петар Милошевски“ – Скопје

ВАРДАР: Малик Зибери, Христијан Петковски, Горјан Каркалашев – Трајковски, Александар Ѓорѓиески, Елвир Рамиќ, Кренар Дарлишта, Али Адем, Марко Ѓорѓиевски, Јакуп Бериша, Саит Битиќи, Виктор Пешевски; Тренер: Сашо Тодоровски.

Резерви: Методоија Велковски, Мартин Филипоски, Марко Стојчески, Никола Ѕурѕу, Кристиан Ристовски, Милан Благојевиќ, Јетон Шахини;

МИЛАНО: Шкумбин Мифтари, Ељмедин Ќаили, Шпетим Нуредини, Фестим Биљали, Бетим Бајрами, Бурак Јакупи, Висар Аљији, Сокол Реџепи, Љабинот Јакупи, Фитор Реџепи, Егсон Асани; Тренер: Адеми Џељал

Резерви: Ќазим Аљиљи, Амар Јакупи, Бурим Ебиби, Ибрахим Шабани, Висар јусуфи, Ибрахим Авдии, Љирим Аљиљи.




   
   
А репрезентација