Пелистер се врати во Првата лига, Академија Пандев второлигаш, во Втората лига опстана Љубанци

Објавено на 29 Мај, 2016 во Вести


Битолски Пелистер мина преку Хоризонт Турново во бараж двомечот и успеа да се избори за влез во најдобрата наша фудбалска конкуренција. Откако на првиот натпревар славеа со 2:1, Пелистер повторно беше подобар од Турново остварувајќи победа од 1:0. 

Свесни за значењето на денешниот натпревар, фудбалерите на Пелистер одлично беа поставени во дефанзивните линии, свесни дека и нерешен резултат на денешниот натпревар е рамен на победа. Пелистер трпеливо ја градеше својата игра, а голот за огромна радост го постигнаа преку Цветаноски во 62. минута, со што ставија крај на надежите на противникот за позитивен резултат на реванш дуелот. По една натпреварувачка сезона, Пелистер повторно се враќа во Првата фудбалска лига. 

Екипата на Љубанци остана во втората лигашка конкуренција. Иако во Кичево загуби во вториот меч со 0:2 (првиот победи со 3:1) против Новаци, по подобро изведување на пенал - серијата на крајот се радуваше Љубанци. Новаци промаши пенал за 3:0 во последната минута од натпреварот. 

Во Кочани тимот на Академија Пандев и во вториот меч, овојпат со 3:1, беше подобар од Гоблен и со вкупни 5:2 избори пласман во Втората лига.

На првиот меч одигран во Прилеп, Вардар Неготино со 3:0 славаше над Вардар Форино. 

Пред почетокот на натпреварот, генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски на фудбалерите на прилепска Победа им го врачи пехарот за најуспешна екипа во Втората фудбалска лига.




   
   
А репрезентација