Пелистер е освојувач на Купот на Македонија

Објавено на 17 Мај, 2017 во Вести

Пелистер по пенали ја совлада Шкендија и по 16 години повторно го освои Купот на Македонија.

Пелистер по изведувањето на пенали ја совлада екипата на Шкендија со 4-3 и стигна до втората титула од Купот на Македонија. Мечот во регуларниот дел и по продолженијата заврши без голови, 0-0.

Во 22. минута Шкендија имаше добра шанса, откако Ибраими проигра до Стенио Жуниор, кој од прва шутираше, но преку голот. 

Четири минути подоцна Илијовски биеше, но малку крај стативата. Истиот фудбалер потоа не успеа со удар со ножички да го загрози Захов. 

Пелистер тргна многу посмело во второто полувреме и неколку пати се закани по долги топки и прекини. Во 73. минута по грубата грешка на одбраната на Шкендија, Баже Илијовски изби пред Захов, Захов одбрани. Во последната минута се обиде Радески, но Илчо Петровски го одбрани неговиот обид по земја. Немаше голови по 90 минути, па натпреварот влезе во продолжение. 

Шанста на натпреварот ја промаши Пелистер. Во 105. минута Лукас мина по левата страна, во ситуација три на еден го проигра Баже Илијовски, но неговиот обид го изблокира Чолак. 

И второто продолжение заврши голови, па пеналите го решија победникот.

Бесарт Ибраими го промаши голот во втората серија, но во третата Лукас на скоро ист начин шутираше над голот. Во четвртата серија Илче Петровски го одбрани ударот на Абдурахими, а Баже Илијовски во петтата серија погоди за победа од 4-3 и втора титула за Пелистер во Купот на Македонија.

За Пелистер ова е втора Куп-титула по онаа во 2001 година кога во финалето ја совладаа Слога Југомагнат.


.



   
   
А репрезентација