Објавено на 27 Октомври, 2017 во Куп на Македонија, Вести
Денеска во „Куќа на фудбалот“ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија. Пелистер - Победа, Ренова - Скопје, Тетекс - Академија Пандев и Шкупи/Вардар - Шкендија ќе играат за влез во полуфиналето на Купот на Македонија.
Натпреварите се играат на 8. и 29. ноември, со исклучок на заостанатиот натпревар од осминафиналето меѓу Шкупи и Вардар кои своите два меча ќе ги играат во истите термини, а победникот ќе се соочи со Шкендија на 17. декември и 21. февруари 2018 година.
Извлекување на парови за четвртфинале Куп на Македонија (први натпревари).docx