Објавено на 06 Ноември, 2015 во Вести
Горан Пандев, ѕвездата на македонската репрезентација и Џенова поради лекарски испитувања и медицински третман нема да пристигне на собирот на А репрезентацијата на Македонија спроти пријателскиот натпревар против Црна Гора кој го играме на 12. Ноември во Скопје.
-Жал ми е што нема да можам да пристигнам на собирот на репрезентацијата иако тоа го најавив по разговорот со селекторот Ангеловски пред две недели во Џенова. Повредите се составен дел од фудбалот, а во овој период се опоравувам од повреда на задната ложа. Во понеделник во Милано заминувам на снимање со магнетна резонанца и во консултација со тренерот Џан Пјеро Гасперини и со лекарскиот тим на Џенова кој даде препорака да не патувам, одлучивме дека сега е најдобро да се фокусираме на здравјето со надеж дека брзо ќе се опоравам и ќе конкурирам за место во тимот. Селекторот Ангеловски ја знае ситуацијата со повредата, ја разбра ситуацијата и се договоривме дека нема да форсираме ништо. Повторно ќе кажам, жал ми е што нема да дојдам на собирот, но тимот секако ја има мојата поддршка. Здравје, наскоро целосно ќе се ставам на располагање на репрезентацијата, изјави Горан Пандев.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....