Откажано Собранието на Фудбалската федерација на Македонија

Објавено на 22 Август, 2018 во Вести


-Комисијата за жалби при Фудбалската федерација на Македонија постапувајќи по поднесените жалби по одлуки на Комисијата за извори и верификација на ФФМ, а во врска со поднесените кандидатури за претседател на ФФМ ги потврди одлуките на Комисијата за избор и верификација на ФФМ.

-Кандидатот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, предложен од ОФС Кавадарци, Сашко Тасев ја повлече својата кандидатура и писмено ја достави до архивата на ФФМ.

- Вонредната изборна седница на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател која беше закажана за 01. септември 2018. година поради повлекување на поднесената и утврдена кандидатура за претседател на ФФМ се откажува. 

-Управниот одбор на ФФМ, администрацијата и другите тела и органи на ФФМ во наредниот период активно ќе работат со цел организација на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател почитувајќи ги одредбите од Статутот на ФФМ и водејќи сметка да се обезбеди максимална конкурентност и транспарентност во целиот процес. 




   
   
А репрезентација