Објавено на 08 Јули, 2020 во Вести
Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да го откаже бараж натпреварот за пополнување на Втора МФЛ - Исток.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат - сектор за инспекциски надзор, подрачна единица - Велес при Министерство за здравство изрече четиринаесет дневен карантин за сите тестирани лица (фудбалери и стручен штаб) на ФК Росоман поради позитивен тест за Ковид-19 на еден фудбалер на ФК Росоман.
Следејќи ги пропозициите, Комисијата за натпреварување, пополнувањето на Втора МФЛ - Исток ќе го изврши по пат на извлекување.
Местото и времето за одржување на ждребот, дополнително ќе биде утврдено.