Објавено на 21 Мај, 2022 во Вести
Денес,
Скопје е центар на фудбалскиот свет и дом на оригиналниот FIFA World Cup™
трофеј. Оригиналниот симбол на фудбалската магија изработен од чисто злато што
носи возбуда насекаде низ светот, конечно, е во нашата земја.
Трофејот пристигна во Скопје како дел од турата на FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola. Златниот симбол на светското фудбалско единство пристигна заедно со амбасадорот на турнејата на трофејот, бразилската фудбалска икона Жилберто Силва.
Дом на оригиналниот FIFA World Cup™ трофеј денес беше Пивара Скопје, официјалниот претставник на The Coca-Cola Company во нашата земја. Трофејот беше откриен во историски момент од страна на г. Стево Пендаровски – Претседател на Република Северна Македонија и фудбалската легенда Жилберто Силва, во присуство на г. Ламбро Патче – Директор за корпоративни политики и одржливост, г. Муaмед Сејдини – Претседател на ФФМ, г. Лука Сантандреа, генерален менаџер на франшиза на the Coca-Cola Company, како и во присуство на претставници на медиумите од целата земја.
„Нема поголемо задоволство и верувам дека сите сме со иста мисла: дека еден ден, наскоро, капитенот на македонската репрезентација ќе го крене високо овој златен трофеј, и ќе го донесе во просториите на ФФМ“, изјави Пртседателот Стево Пендаровски.
„Оригиналниот трофеј на Светското првенство на ФИФА е еден од најголемите симболи во спортот.Скопје и Македонија, благодарение на ФИФА и Coca-Cola, имаат единствена можност да бидат дел од магијата која ја носи Светското првенство и барем еднаш во животот да го видат оригиналниот трофеј и да го почувствуваат вкусот на возбудата.Фудбалот ја има моќта да ги инспирира и поврзува луѓето, надминувајќи ги бариерите додека навивачите споделуваат моменти на возбуда и радост.Мене ми е особено драго што македонската репрезентација имаше неверојатно фудбалско доживување и беше многу близу до пласман на Светското првенство во Катар. Моментите на фудбалска еуфорија во нашата држава ќе ги паметиме цел живот, а ова нека биде само поттик да се обидеме во следниот циклус да обезбедиме пласман на Мундијалот и вистински да се бориме за овој трофеј“,рече Муамед Сејдини.
Жилберто Силва, Амбасадор на турнејата на трофејот, ја поздрави публиката со обраќање до сета фудбалска јавност:Нашата должност во фудбалот е да инспирираме, да направиме луѓето да бидат најдобра верзија од себеси, секој ден. Не само во фудбалот, туку и во секојдневниот живот. Па така, вашата држава беше толку блиску до учество во FIFA World Cup™ во Катар и играше толку добро во последните турнири, сигурен сум дека тоа ве поттикна да постигнете уште повеќе. Јас можеби ќе бидам во Лондон, Бразил или било каде на светот, но ќе ве бодрам и се надевам дека ќе ве видам на најдобрата можна позиција во првенството.
Овогодишната турнеја FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola досега пропатува повеќе од 750.000 километри и е дел од кампањата на Светското првенство на ФИФА што ќе се одржи во Катар во 2022 година. Овогодишната глобална турнеја на трофејот ќе патува во 51 земја, вклучувајќи го и нашиот главен град – Скопје, овозможувајќи им на македонските фудбалски обожаватели да уживаат во фудбалската магија.