Објавено на 17 Јули, 2020 во Вести, Футсал
Орхан Ибиши, поранешниот македонски репрезентативец и трофеен играч во Железарец, Бамбо Приштина, Јувентус Серава, албанска Едро Валона, Шкупи, Беса и Приштина Мабетекс е назначен за асистент на селекторот на А футсал репрезентацијата, Васко Скендеровски.
Најдобрата наша футсал репрезентација ја очекува двомеч бараж со Англија за пласман во главните квалификации за пласман на Европското првенство. Дуелите се закажани во периодот меѓу 2. и 11. ноември.
Орхан Ибиши, асистент селекторот во А футсал репрезентацијата смета дека ќе даде свој придонес во работата на стручниот штаб на македонската репрезентација, а главната цел во периодот што следува е добра подготовка за дуелите со Англија и пласман во главната квалификациска фаза за пласман на ЕП.
- Најпрвин сакам да ја изразам мојата благодарност до Фудбалската федераија на Македонија за укажаната шанса да бидам дел од стручниот штаб во А футсал репрезентацијата. Убеден сум дека ќе имаме одлична соработка со селекторот Скендеровски. Заедно работевме во Железарец, освојувавме трофеи, бевме дел од Лигата на Шампиони и се надевам дека таа енергија ќе ја пренесеме и во заедничка работа со А селекцијата. Уште повеќе што со играчите во тимот се познаваме одлично и долги години игравме заедно. Наша прва цел е добра подготовка за двата дуели со Англија за пласман во главната фаза од квалификациите за ЕП. Македонија има квалитет да се избори за победа, иако во изминатиот период имавме и резултати кои не соодветствуаат на нашиот рејтинг. Тука сум да помогнам и се надевам дека мојот придонес ќе биде во функција на остварување подобри резултати на репрезентацијата, изјави Орхан Ибиши.
-
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....