Оптимизам пред вториот дуел со Кина

Објавено на 23 Јуни, 2014 во Вести, Вести

Репрезентацијата на Македонија денеска во 11.00 часот ќе го одработи единствениот тренинг пред вториот контролен натпревар против Кина кои се игра утре во Јинан во 10.00 часот по македонско време.

Баже Илијоски, еден од најискусните фудбалери во составот на македонската репрезентација смета дека можеме да им се реваншираме на кинезите за поразот од 2:0 на првиот натпревар во Шенјанг.

-Сметам дека одигравме квалитетен прв натпревар против Кина, примивме два несреќни гола по наша грешка.Очекувам уште поквалитетна игра на втората пресметка, имам чувство дека ќе бидеме концентрирани и во реализицијата, дека ќе постигнеме гол повеќе од противникот и ќе им се реваншираме за поразот на првиот дуел, изјави Баже Илијоски.

Дарко Велковски на натпреварот во Шенјанг играше на позицијата централен дефанзивен играч и беше еден од фудбалерите кои оставија многу позитивен впечаток.Дебитантот во македонската репрезентација е оптимист пред вториот контролен дуел меѓу двете селекции.

-Прикажавме добра игра на првиот дуел, има причини за оптимизам, задоволен сум и од мојот придонес на позицијата која ми ја одреди селекторот. Имавме поголем посед на топка и две одлични шанси во првото полувреме кои за жал не ги искористивме. Во вториот дел кинезите казнија за нашите грешки, игравме и поофанзивно, повторно создадовме неколку добри шанси, но не бевме ефикасни. Се надевам дека на вториот натпревар ќе бидеме многу подобри и дека и конечниот резултат ќе биде во наша корист, изјави Дарко Велковски.

Натпреварот Кина – Македонија се игра на Шандонг стадионот во Јинан.




   
   
А репрезентација