Оптимистичка прогноза околу повредата на Трајковски

Објавено на 12 Ноември, 2014 во Вести


Лекарскиот тим во А репрезентацијата на Македонија со оптимистички најави околу повредата на Александар Трајковски и можноста офанзивниот фудбалер да настапи на натпреварот против Словачка вo сабота од 20.45 часот.

-Се работи за дисторзија  на левиот скочен зглоб, направена е РТГ инвестигација и на снимката не се најдени знаци на траума на скелетот на коските на скочниот зглоб. Се работи за истегнување на лигаментите, превземени се сите мерки на акутен третман на физикална терапија и рехабилитација, Трајковски нема болка, движењата во скочниот зглоб му се со поголема слобода и во текот на попладневните часови ќе работи индивидуално. Се надевам дека ќе го имаме за натпреварот во сабота, но мора да следиме како ќе се однесува на попладневниот индивидуален тренинг. Ние даваме се од себе да го вратиме во натпреварувачки ритам и се надеваме дека ќе успееме, иако повредата не е наивна, вели Виктор Камиловски, дел од лекарскиот тим во А репрезентацијата. 




   
   
А репрезентација