Објавено на 15 Февруари, 2017 во Вести
Во недела на 19. февруари 2017 година започнува пролетниот дел од Првата македонската фудбалска лига. Дерби натпреварот ќе се одигра во Струмица. Поради реконструкција на теренот во Прилеп, Победа против Пелистер е домаќин на стадионот „Младост“. На останатите натпревари се среќаваат Вардар -Шкупи (Телеком арена, Скопје), Брегалница - Ренова (Градски стадион Штип), Македонија Ѓ.П - Работнички (стадион Ѓорче Петров) и Шкендија - Силекс (Градски стадион Тетово).
Сите натпревари започнуваат во 14:00 часот.
Новина
од пролетниот дел за натпреварите од Првата македонска лига е тоа што судиите и
контролорите на натпреварите ќе се одредуваат со извлекување. Во петок во 12:00
часот во „Куќа на фудбалот“ со извлекување ќе бидат одредени судиските четворки
и контролорите за натпреварите од 19. коло.
Извлекувањето на официјалните лица можете да го гледате во живо на tv.ffm.mk
Во продолжение можете да ја погледнете процедурата за извлекување судии за Прва лига.
Процедура за делегирање судии со извлекување.docx
ФФМ донесе одлука за одложување на стартот на пролетниот дел од сезоната во Втората македонска лига за седум дена. Наместо на 25. февруари, пролетниот дел од шампионатот ќе започне на 4. март.
„Добивме службено барање од четири второлигашки клуба да се одложи стартот на пролетната полуетапа во Втората лига. Поради замрзнатите терени во Македонија и лошите услови за подготовки, дел од клубовите не беа во можност да се подготват соодветно. Токму затоа, ФФМ излезе во пресрет и одлучи стартот на пролетната полусезона во Втората лига да биде на 4. март“,изјави комесарот за натпреварување при ФФМ, Васко Дојчиновски.
Комплетниот распоред на натпревари за пролетниот дел од сезоната во Првата лигашка конкуренција можете да го погледнете во продолжение:Распоред Прва МФЛ 2016-2017 пролетен дел.pdf