Објавено на 12 Октомври, 2018 во Вести
Официјалниот тренинг на А репрезентацијата на Македонија е презакажан за 17:30 часот на Националната арена „Филип Втори“, додека прес-конференцијата на нашиот селектор Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев ќе се одржи во 17:00 часот во прес-центарот на Националната арена.
Четворица фудбалери од нашиот тим, од утринава се жалат на стомачни мачнини, а лекарскиот тим ги презема сите мерки да ги оспособи фудбалерите за извршување на сите активности. Тоа е причината за одложувањето на денешните активности на А репрезентацијата на Македонија.