Објавено на 26 Ноември, 2020 во Вести, А репрезентација жени
Денес на еден ден пред последниот натпревар од квалификациската група против Казахстан, женската А репрезентација го одработи официјалниот тренинг во студениот Алмати.
Ниту големата временска разлика, ниту ладното време не го расипаа доброто расположение на репрезентативките и стручниот штаб и нивната решеност да ги донесат во Македонија трите бодови.
„Сакам само да кажам дека сме подготвени за утрешниот натпревар и комплетно сме фокусирани. Добро го познаваме пртивникот и нивниот начин на игра, и сигурна сум дека со екипита ќе го дадеме максимумот за да ја донесеме победата“ изјави Гентијана Рочи.
„Утре е последниот натпревар од овие квалификации за Европско Првенство. По неколкудневните подготовки се чувствуваме спремни да го одиграме овој натпревар и сите посакуваме победа. Знаете дека ни недостасуваат неколку првотимки поради позитивни тестови за КОВИД 19 - па утрешниот натпревар ќе им го посветиме на сите оние кои мораа да останат дома, на играчитге и селекторот. Ние посакуваме победа и се надевам дека ќе се вратиме со позитивен резултат. И покрај ладното време и големата временска разлика нема да се предадеме и храбро ќе пристапиме на натпреварот“ кажа Наташа Андонова.
Со своја изјава се јави и претставникот на стручниот штаб Ферди Исмаили: „Подготвени сме за последниот натпревар од циклусот за евроквалификациите, ќе играме со Казахстан. Денес го имавме официјалниот тренинг и се запознавме со теренот и условите. Се надевам дека играчите кои ни се на располагање ќе го дадат максимумот и дека ќе дојдеме до добар резултат од овој натпревар. Јас лично сум задоволен сум од ангажманот на екипата.“
Натпреварот во Казахстан, Македонската женска репрезентација го игра на 27 ноември, 2020 со почеток во 12.00 часот по македонско време.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....