Објавено на 29 Јули, 2014 во Вести
Тренерската организација на Македонија и Центарот за едукација при Фудбалската Федерација на Македонија денеска во хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје одржаа годишно лиценцирање за новата натпреварувачка сезона на тренерите од Прва и Втора МФЛ кои работат со сениорските екипи.
На годишното лиценцирање свое предавање пред тренерите имаше проф. Д-р Димитар Стојменовски на тема – Менаџмент во врвниот фудбал. Претставниците на ФФМ на присутните тренери им ги дадоа на увид и користење најновите материјали од ФИФА кои содржат техничко – тактички тренинзи и начини кои тренерите можат да ги користат за подобра физичка подготовка. Од тренерската комисија на ФФМ уште еднаш беше потенцирана важноста на едукацијата на тренерите за развојот на нашиот фудбал, а федерацијата во рамки на своите можности ќе им ја даде потребната поддршка и логистика во насока на подобрување на образовниот фудбалски процес.
Присуството на годишното лиценцирање е обврска превземена од УЕФА тренерската конвенција и во правилникот за издавање лиценци/дозволи на тренери на територија на РМ, а врз основа на која се организира школувањето и издавањето на УЕФА дипломите и нивното продолжување. Неприсуството повлекува мерка неиздавање лиценца/дозвола за работа за сезоната 2014/2015 и внесување на тренерот во Комет системот, што значи дека истиот нема да може да ја води екипата.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....