Одржани состаноци за безбедност за Прва и Втора МФЛ

Објавено на 21 Август, 2019 во Вести


Комисијата за безбедност при ФФМ на 6. август одржа работен состанок со комесарите и заменците комесари за безбедност и сигурност на фудбалските клубови од Прва МФЛ, а на 20. август со комесарите и замениците комесари од Втора МФЛ (запад и исток). На состаноците присуствуваа и претставници од МВР.

Состаноците се одржаа пред почетокот на натпреварувачката сезона 2019/20 со цел разгледување на извештајот за безбедност од пролетниот дел на натпреварувачката сезона 2018/19, елаборирање на правилникот за безбедност и сигурност на ФФМ, измените на правилникот на Безбедност и сигурност на УЕФА кој стапи на сила од 15.06.2019 година.  

Беше укажано на конкретните задачи на комесарите за безбедност на клубовите за мерки и активности кои произлегуваат од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, сѐ со цел безбедно и сигурно организирање на спортските натпревари.



   
   
А репрезентација