Објавено на 17 Ноември, 2017 во Вести, Детски лиги, Семинари
Семинарите се одржаа во Охрид (15 Ноември) и Битола (16 Ноември) и на нив присуствуваа вкупно околу 130 родители, наставници, тренери. Додека во Битола учествуваа и фудбалери/ки од ФФМ академијата. На овие семинари родителите им беа презентирани некои основни информации од областа на исхрана (Проф.Д-р Ванчо Поп Петровски), психологија (Проф.Д-р Ленче А. Величковска), образование и однесување кои се неопходни за правилен развој на нивните деца однсоно фудбалери.
Следниот ваков семинар / советување ќе се одржи за родителите од северниот регион и е закажан за 5 Декември 2017 година и истиот ќе се одржи во Скопје во Хотел Континентал. Родителите ќе добијат дополнително информација за детали околу почетокот и програмата преку своите клубови и координаторот на регионот.