Одржана седница на Управниот одбор на ФФМ

Објавено на 24 Август, 2017 во Вести


На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одржана на 24. август 2017 години беа донесени следните одлуки:

- Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги усвои пропозициите за Прва футсал лига, пропозициите за Втора футсал лига и пропозициите за натпреварување во детски лиги за сезона 2017/2018;

- Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија по предлог на селекторот на А репрезентација на Македонија го назначи Џингис Реџепи за асистент во стручниот штаб во А репрезентација на Македонија; 

-Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го назначи Љупчо Кметовски за тренер на голмани во младинските национални селекции и фудбалската академија;

- Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги утврди цените на билетите за натпреварот меѓу А репрезентациите на Македонија и Албанија на 5. септември 2017 година. Во продажба ќе бидат пуштени влезници по цена од 600, 400 и 200 денари;  



   
   
А репрезентација