Објавено на 12 Април, 2016 во Вести
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ја разгледа и констатираше оставката на членот на Управниот одбор на ФФМ Серафим Димовски со што му престануваат сите права и обврски како член на У.О. на ФФМ.
Оставката на Серафим Димовски не е
поднесена по лично барање, туку по барање на претседателот на Фудбалската
федерација на Македонија поради неспортско, неетично, и однесување спрoтивно на интересите
на репрезентацијата и Фудбалската федерација на
Македонија.
Управниот одбор на ФФМ заклучи дека Серафим Димовски заедно со поранешниот селектор на А репрезентацијата, Мирсад Јонуз работеле спротивно на интересите на македонскиот фудбал и се обидувале да влијаат на нашиот репрезентативец Горан Пандев барајќи од него да не настапува за А репрезентацијата на Македонија.
Сето тоа е спротивно на основниот приоритет во работата на Федерацијата, во А репрезентацијата да бидат вклучени најдобрите македонски фудбалери, односно играчите кои ќе ги одбере селекторот на репрезентацијата, а истовремено да се препознаваат и младите таленти, од земјава и од странство, а кои имаат македонски корени и на нив да се гради нашата фудбалска иднина.
И во иднина за секого кој нема да работи во интерес на македонскиот фудбал, нема да има место во Фудбалската федерација.
А, сите оние кои поради своите лични интереси, креираат заткулисни игри, создаваат притисоци и лобираат со цел нанесување штета на фудбалот и националните интереси треба да бидат препознаени од јавноста и морално да одговараат за своите постапки.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....