Одржана седница на Управниот одбор на ФФМ

Објавено на 18 Септември, 2015 во Вести

На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одржана на ден 18.09.2015 беа донесени следните одлики:

-Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонијаги утврди цените на влезниците за квалификацискиот натпревар Македонија – Украина кој се игра на 9. октомври на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 21. септември, а до 30. септември ќе можат да се купат по промотивна цена од 100 и 200 денари за јужна трибина (100 и 200 денари), источна и западна трибина (100 денари); Влезниците за северната трибина чинат од 100 до 400 денари.

-Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука и во натпреварувачка сезона 2015/16 да се организира натпреварување помеѓу репрезентациите на Општинските фудбалски сојузи;

-Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги усвои пропозициите за натпреварување во Втора лига во футсал за натпреварувачката сезона 2015/16;

- Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го усвои правилникот за собир на репрезентативни тимови;




   
   
А репрезентација