Објавено на 18 Декември, 2017 во Вести, Семинари
Oдделението за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија, а во склоп на програмата за поддршка и обука на клубовите во процесот на лиценцирање за добивање лиценца за натпреварување во Втора МФЛ (Исток и Запад) одржа работилница/обука на клубовите кои во сезона 2017/18 се натпреваруваат во Втора МФЛ (Исток и Запад). На работилницата беа презентирани сите критериуми, процеси и временски рамки за лиценцирањето во сезона 2018/19.
На работилницата која беше одржана на 15. декември во Скопје присуствуваа претседателите и генералните секретари на клубовите кои во сезона 2017/18 се натпреваруваат во Втора МФЛ (Исток и Запад) и добија информации околу процесот на лиценцирање кој ги очекува во наредната сезона.
Во рамки на оваа работилница се одржа и состанок со комесарите на безбедност на клубовите од Втора МФЛ (исток и запад) со комисијата за безбедност на ФФМ.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....